Вчитување...
Исклучи preloader
Русский  |  Македонски  |  English

Отворање на Фондацијата

Отворање на Фондацијата

На 20 март, 2019 г. во Москва се одржа свечено отварање на Фондацијата за поддршка на развојот на руско-македонските односи – «Фонд РМ». На отварањето присуствуваа амбасадорот на Македонија во РФ г-н Гоце Карајанов, амбасадорот на РФ во Македонија од 2006-2011 г. г-н В.Д. Солоцински, претставници на Советот на федерација на РФ, Министерството за надворешни работи на РФ, Фондот „Руски мир„, Фондот за поддршка на јавна дипломатија А.М. Горчаков, Балканскиот клуб на МГИМО, како и претставници на општествено-научните кругови и руската бизнис заедница.

Манифестацијата се отвори со настапот на детскиот хорски ансамбл Мелодија, кој исполни неколку македонски народни песни.

На присутните им се обратија основачите на Фондацијата Жарова Ина и Третјакова Марија, кои подвлекоа, дека Фондацијата не е создадена на пусто место, покрај објективните културно-духовни врски во историски контекст, нејзе и претходеше 13 годишна плодотворна работа во насока на сближување на рускиот и македонскиот народ преку организација на разни културни, спортски и други настани. Основачите ги наведоа целите и задачите на Фондацијата и ги споделија плановите околу реализацијата на идните проекти.

Амбасадорот на Македонија во РФ Гоце Карајанов се обрати до основачите и присутните со поздравен говор. Честитајќи им го почетокот на работата на Фондацијата, тој ја подвлече важноста на развојот на цврсти културни, духовни, научно-образовни и деловни врски меѓу македонскиот и рускиот народ, кои мораат да служат како основа за развојот на поблиски и поцврсти односи меѓу двете земји.

На присутните им се обрати и членот на бордот на доверители на Фондацијата Николај Јуријевич Гришко, кој ја изрази својата спремност сестрано да ја помага реализацијата на идните инициативи и проекти на Фондација, кои се насочени на надградба на културните врски меѓу македонскиот и рускиот народ.

Свечениот дел од манифестацијата беше завршена со настапот на машкиот камерен хор Преображение, кој исполни руски народни песни.