23. 07. 2021 Денес Санкт Петербург си замина од земскиов свет големиот Архимандрид отец Методиj, еден од покровителите на нашата Фондација за поддржка на развојот на руско-македонските односи. Архимадридот Методиј го знаеше цела Русија! Тој беше симбол на искрена, вистинска христијанска љубов. Љубов кон Господа и љубов човечка. Секогаш ведар, насмеан и весел во душата го носеше сето македонско сонце со кое умееше да допре до сечие срце. Родум од Македонија беше единствената жива врска исткаена од неизмерна христијанска љубов, вера и надеж, која со своите молитви ги поврзуваше двете земји.
Пред само три децении започна духовната обнова на најкрупниот и најзначајниот манастирски центар на рускиот север - Спасо Преображенскиот Вааламски манастир на бреговите на Ладожското езеро, кој набрзо стана синоним на православната преродба на современа Русија. Отец Методиј (Петров) беше и сведок и чинител на тие историски процеси, благодарение на кои веќе во средината на 1990-те години Вааламскиот манастир се здоби со епитетот “Руска Света гора”. Како директор на Вааламскиот културен центар тој беше инициатор на многу проекти за развоj на Ваалам, вклучително и за заживување на туристичкиот потенциал на манастирскиот комплекс, кој иако тешко пристапен привлекуваше илјадници верници од цела Русија. Имено таму од 1993 г. секојдневно ги пречекуваше човекот со планинска душа - отец Методиj! Во февруари годинава го прослави јубилејниот 60-ти роденден! Огромна загуба за сите и секако национална македонска.
Почивај во мир драг отец Методиј и живеј во вечноста меѓу ангелите небесни!