За нас

Наука и образование

Имплементација на научни и образовни програми, помош во иновативни проекти, размена на студенти

Прочитајте повеќе

Култура и уметност

Интеракција со музеи, архиви, организација на културни настани, проширување на билатерални контакти во областа на уметноста

Прочитајте повеќе

Економија

Интеракција со бизнис структури, развој на туризмот, младинска политика и спорт

Прочитајте повеќе

исија

Фондацијата работи како лабораторија за охрабрување и создавање нови културни врски, како уникална платформа за соединување и сближување на локални заедници, како и на креативни и иницијативни луѓе и здруженија од двете земји преку реализација на разни проекти.

Дејноста на Фондацијата вклучува неколку важни функции: образовна, научна, културна и економска.

Фондацијата организира културни манифестации, разработува и реализира собствени проекти, а истотака поддржува уникални културни, научно-образовни и креативно-иновативни иницијативи.

Основачи

Советот на основачи претставува највисок управувачки орган на Фондацијата. Тој се формира врз основа на колегијалност и ги вклучува соосновачите на Фондацијата и нивните претставници.

Компетенциите на Советот на основачи на Фондацијата вклучуваат решавање на следните прашања:

  • дефинирање на заедничка стратегија и основни приоритетни правци на делување на Фондацијата
  • формирање на советот на Одборот на доверители на Фондацијата
  • назначување на Извршен директор на Фондацијата, претседател и членови на советот на експерти на Фондацијата
  • утврдување на добротворни програми на Фондацијата, програми на конкурсни и разни други манифестации и проекти
  • утврдување на буџет на Фондацијата.

/uploads/image/inna-2.jpg

Инна Жарова

Дипломирала на Географскиот факултет на МГУ Ломоносов во Москва. Второ високо образование завршила на Московската академија за државен и муниципален менаџмент РАГС при Претседателот на РФ по специјалсност – Државен и муниципален менаџмент. Доктор по економски науки.

Мария Третьякова

Дипломирала на факултетот за Меѓународни односи МГИМО во Москва. Работела во Меѓународниот републикански институт ИРИ во Скопје, и била претставник на Центарот за немилитаристички истражувања во Москва. Владее анлиски, француски, италијански, србски, руски и македонски јазик. Доктор по историски науки, МГИМО.

Совет на доверители

Советот на доверители ја поддржува реализацијата на основните цели и задачи на Фондацијата. Претставува контролен орган на Фондацијата и врши надзор на нејзината дејност. Во Советот на доверители влегуваат видни претставници на науката, културата, духовниот живот и бизнисот на Русија. За извршување на своите функции Советот на доверители има право да:

  • се запознава со сета документација, која се однесува на дејноста и работењето на Фондацијата
  • добива појаснувања за работата на Фондацијата од нејзините управувачи
  • дава препораки во однос на стратегијата и приоритетите за работа на Фондацијата, користењето на нејзиниот имот и сопственост, реализација на проекти и разни добротворни програми.

Михаил Бобров

Бизнисмен, претприемач, Генерален директор ЗАО "Балтиски брег". Почесен Конзул на Република Македонија во Руската федерација.

Николай Гришко

Бизнисмен, претприемач, Генерален директор на ООО "Гришко"

Алла Шешкен

Славист, филолог, доктор по филолошки науки, професор на катедра за словенска филологија на Филолошкиот факултет при МГУ Ломоносов.

Отец Мефодий

Свештеник, игумен на Спасо-Преображенскиот Валаамски манастир на Руската Православна Црква


Совет на Фондацијата

Основна функција на Советот на Фондацијата е обезбедување исполнување на целите на Фондацијата. Компетенциите на советот вклучуваат:

  • тековно општо раководство со дејноста на Фондацијата
  • дефинирање и утврдување на приоритетните правци на делување на Фондацијата
  • утврдување на креативен развоен концепт на работа на Фондацијта
  • иницирање и разработка на нови програми
  • утврдување на план на работа на Фондацијата по организациски и технички прашања
  • мониторинг и оценка на резултатите од работата на Фондацијата.

Извршна дирекција

Главен извршен орган на Фондацијата е нејзиниот Директор Жарова И.В. Директорот на Фондацијата има право да:

  • решава во врска со тековната дејност на Фондацијата
  • дејствува од името на Фондацијата и ја претставува во сите организации како на територија на Руската федерација, така и во странство
  • ja претставува Фондацијата во органите за државна власт на централно и локално ниво
  • раководи со средствата на Фондацијата, и решава стратешки прашања од финансиски карактер поврзани со дејноста на истата
  • заклучува договори и врши други правни дејства од името на Фондацијата, управува и стекнува имот, отвара и затвара банковски сметки, потпишува договори и други документи со или без обврзувачки карактер од името на Фондацијата
  • сноси одговорност за публикација на годишните финансиски извештаи на Фондацијата.