
Песни за објавување С.Лавров
- во тек
- Русија, Македонија
Издавање на стихови на министерот за надворешниработи на РФС.В. Лавров «С. В. Лавров – поет и мислител. Избрано» на македонски и руски јазик.

Македонски фолклор
- во тек
- Русија
Презентација на македонските фолклорни традиции на VIII фестивал на другарство на словенските народи «Славянский круг».

Презентација на современ македонски филм
- во тек
- Русија
Организација на недела на македонски филм.

Програма за поддржка на студенти
- во тек
- Русија
Во овој момент руската славистика се соочува со одредени потешкотии поврзани со опаѓање на интересот меѓу студентите за изучување на словенските јазици и македонскиот јазик вклучително. Нашата Фондација има за цел да го поттикне интересот меѓу руските студенти за изучување на македонскиот јазик и работи во насока на изработка на програма за поддржка на студентите - македонисти од Филолошкиот факултет при МГУ Ломоносов за поголемо учество во летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ Св. Кирил и Методиј во Охрид, Македонија.

Културно-едукативна програма
- во тек
- Русија
Фондацијата работи над изработка на културно-едукативна програма „Етновечер„ за младите со цел продлабочување на културниот диалог меѓу младите од двете земји.