Вчитување...
Исклучи preloader
Русский  |  Македонски  |  English

Последен компромис со Бога

Последен компромис со Бога

Почитувани господа!

Со големо задоволство сакаме да ја споделиме со вас новоста, која ја подготувавме скоро 2 години. «Фондацијата РМ» туку што го заврши проектот - публикација на стихозбирката на светски признатиот мајстор за меѓународни односи и амбасадор за мир на Русија Сергеј Лавров на македонски јазик “Последен компромис со Бога”. Сергеј Лавров во препев на Чедомир Цветановски, признатиот мајстор на поетски превод на руска литература на македонски јазик. Огромна благодарност за помошта во издавањето на стихозбирката му изразуваме на руско-македонскиот тим на професионалци: И.Коваљова, И.Белокрилов, К.Кулавкова, Е.Клетников, Д.Белокрилова, А.Георгиевска, Б.Богатиноски.

Сергеј Лавров е гласот на Русија на меѓународна арена, а сега не само дипломат, општествен и политички деец, туку и творечка личност, со чии стихови сега можат да се запознаат и македонските читатели.

Голема благодарност им изразуваме на нашите спонзори, кои ни помогнаа во издавањето на стихозбирката: Правната фирма «Рибалкин, Горцуњан и Партнерите» (РГП) и Православниот културно-просветен центар «Светот на Валаа».