Свечено отварање и презентација на Фондацијата ќе се одржи на 20 март, 2019 г.
Фондацијата за поддржка на развојот на руско-македонските односи е невладина и непрофитна организација создадена со цел зачувување, негување и зголемување на богатото културно-духовно наследство на Македонија и Русија како солидна основа за сестрана сооработка и реализација на разни приватни и општествени иницијативи.
Фондацијата работи како лабораторија за охрабрување и создавање нови културни врски, како уникална платформа за соединување и сближување на локални заедници, како и на креативни и иницијативни луѓе и здруженија од двете земји преку реализација на разни проекти.
Дејноста на Фондацијата вклучува неколку важни функции: просветна, образовна, научна, културна и економска.
Фондацијата организира културни манифестации, разработува и реализира собствени проекти, а истотака поддржува уникални културни, научно-образовни и креативно-иновативни иницијативи.