Вчитување...
Исклучи preloader
Наука, образование, просвета
- Интеракција со заинтересирани државни и општествени научно-образовни институции на Русија и Македонија со цел решавање на проблеми од културно-научниот развој на двете земји во областа на науката и образованието.
- Реализација на научни и образовни програми и манифестации, лекции, семинари, обуки, конференции во согласност со целите и задачите на Фондацијата.
- Организирање програми за краткорочни посети на РФ на претставници од општествени, научни и образовни кругови на Македонија, и на руски претставници на Македонија соодветно.
- Организација на информациска и издавачка дејност во насока на остварување на целите и задачите на Фондацијата.
- Поддршка на активизација на размена на студенти, магистранти, докторанти, како и професори и научни соработници, и зголемување на соработката во областа на подготовка и преквалификација на кадри со цел продлабочување на директните врски меѓу универзитетети од двете земји.
- Поддршка во правец на вклучување на научници од двете земји во реализација на иновативни проекти, кои се реализираат во Русија и Македонија.
- Поддршка во насока на отварање и развој на образовни институции, создавање на културни и образовни центри, кои вклучуваат изучување на македонскиот јазик, историја и литература во РФ Русија, и рускиот јазик, историја и култура во Македонија.
- Придонесување кон за активизирање на научна соработка, организација на округли маси и конференции со цел искоренување на лажни историски факти, дезинформации и асиметрија во толкувањето на разни историски настани.
Культура и уметност
- Поддршка во насока на продлабочување на билатералните контакти на руски и македонски дејци од областа на културата.
- Придонесување кон и организација на денови на руска култура во Македонија и македонска култура во Русија со цел поддршка на културната размена и развој на културно-духовните врски меѓу двете земји.
- Презентација на современиот креативен и уметнички потенциал, како и на фолклорни уметнички традиции на рускиот и македонскиот народ.
- Поддршка во одржување на културни манифестации, со цел презентација на богатото наследство на двете земји во областа на културата и уметноста.
- Соработка со музеите и архивите на територија на Русија и Македонија, како и со дејци од областа на културата и уметноста со цел организација на изложби со цел презентација на културно-историското наследство на двете земји.
Економска и техничка соработка
- Конструктивна интеракција со заинтересирани државни и приватни претприемачи од Русија и Македонија со цел решавање на проблеми од областа на економскиот развој на двете земји.
- Придонес во развојот на културно-информативен туризам, оздравувачки и рекреативни зони на Русија и Македонија.
- Придонес во активизација на соработката во областа на политиката и спортот на младите.